Се за серотонинот

Серотонинот е нервотрансмитер, елемент во мозокот кој помага да се пренесуваат сигнали меѓу разни делови од мозокот. Иако се произведува во мозокот, на кого и се однесуваат неговите примарни функции, околу 90 отсто од залихите на серотонин се во дигестивниот тракт и во крвните плочки...
Просечен возрасен човек има меѓу пет и 10 милиграми серотонин во телото. Серотонинот настанува со единствен биохемиски процес - се почнува со триптофанот, главното ткиво од кои се изградени протеините. Клетките комбинираат хемиски реактор со триптофан и така настанува серотонинот.

Kаква е неговата улога вo телoтo?

Со оглед на тоа што е невротрансмитер, серотонинот помага да се пренесуваат информации меѓу деловите на мозокот. Се смета дека влијае на многу психолошки и на други телесни функции. Мозокот има околу 40 милиони клетки и сите трпат директно и индиректно влијание од серотонинот. Мозочните ќелии се поврзани со расположението, со сексуалната желба и воопшто со функционирањето, сo апетитот, со соништата, со меморијата, со способноста за учење и со некои видови социјално однесување.
Кога станува збор за нашите телесни функции, серотонинот влијае на функционирањето на срцето, на мускулите и на разни елементи од ендокриниот систем. Научниците откриле дека серотонинот има улога и во производство на  млеко од дојките.

На кој начин е поврзан сo депресијата?

Многу научници сметаат дека дисбалансот во нивото на серотонин може да влијае на расположението и така да доведе до депресија. Можни проблеми се: ќелии со ниско ниво на производство на серотонин, недостаток на рецептори кои би го примиле целиот произведен серотонин, недостаток на триптофан и други.
Ако што било од ова се случи, научниците веруваат дека може да дојде до депресија, а понекогаш и до опсесивно-компулсивно нарушување, анксиозност, панични напади или изливи на бес. Една од поновите теории за депресии се фокусира на регенерација на мозочните ќелии, процес кој се случува во тек на животот и во кој партиципира серотонинот. Според некои американски невролози, депресијата може да се појави во тек на сузбивање на новите мозочни ќелии. Тие сметаат дека класичните лекови кои се препишуваат против депресијата, како што е прозак, не се најдобро решение. Тие антидепресиви го креваат нивото на серотонин, а токму со тоа се сузбиваат новите мозочни ќелии, што може да ја продлабочи депресијата. Нема начин да се измери нивото на серотонин во живиот мозокот. Затоа, некои страни од овој важен невротрансмитер засега остануваат во доменот на претпоставки.

Може ли вежбањето да го крене нивото?

Физичката активност може многу да направи за кревање на расположението. Според некои научници, во борбата против депресијата вежбите се поефикасни од антидепресивите. Не е сосема познато со кој механизам на вежбање се крева тој позитивен ефект. Според некои стручњаци, тоа е поврзано со кревање на нивото на серотонин, но засега нема истражување кое би го докажало тоа.
Дали начинот на исхрана влијае на залихите ?
Влијае, но не на директен начин. На пример, ако во организмот имаме недостаток од калциум, лесно ќе го дополниме со внесување продукти богати со овој минерал. За дополнување серотонин не постои таква можност. Сепак, постојат некои производи богати со триптофан, аминокиселина од која настанува серотонин.
Храна богата со протеини, како што е месото, содржи високо ниво триптофан. Исто така, овој елемент го има во млечните производи и во месото од живина. Меѓутоа, иронијата е во тоа што нивото на серотонин опаѓа по оброкот богат со протеини. Зошто? Според нутриционистката Е. Сомер, кога јадеме високопротеински оброк, тогаш ја преплавуваме крвта и со триптофан и со аминокиселини. Двата елемента се борат да навлезат во мозокот, по што мало количеството триптофан доаѓа до мозокот, така што нивото на серотонин не се крева. Ако, пак, јадеме оброк полн со јаглеродни хидрати, ситуацијата е поинаква. Тогаш аминокиселините се апсорбираат во телото, но не и во мозокот. Освен тоа, повеќе триптофан доаѓа во мозокот и се крева општото ниво на серотонинот;

Дали мажите и жените го имаат истото количество?

Истражувањата покажуваат дека мажите имаат нешто повеќе серотонин во телото отколку жените. Во една студија се тврди дека не е важна разликата во нивото на серотонин, туку во реакцијата на машкото и на женското тело во намалувањето на овој невротрансмитер. Тоа би можело да биде причина за фактот дека жените се поподложни на депресија. Серотонинот е многу важен елемент во организмот и се почесто е тема на најнови истражувања.

No comments:

Post a Comment